Празнична вечерна богослужба во с. Ѓуриште, светиниколско
На 20 септември 2025 година во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во манастирот “Рождество на Пресвета Богородица” во с. Ѓуриште, светиниколско. На крајот од вечерната богослужба, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа пригодна беседа.

