Недела 12-та по Педесетница, Света Архиерејска Литургија во с. Блатец
На 23 август 2026 година, Недела 12-та по Педесетница, св. мч. Лаврентиј и др., св. Ирон, св. свешт-мч. Сикст Римски; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Виничкото архиерејско намесништво, во храмот “Св. пр. Илија” во с. Блатец, виничко. На крајот од светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. А по завршувањето на Литургијата, Митрополитот г. Иларион изврши освет на конаците при манастирот “Св. вмч. Георгиј” во с. Блатец, виничко. Нека е честито и од Бога благословено!

