Света Архиерејска Литургија и храмова слава во нас. Раклиш – Радовиш
На 03 јуни 2026 година, кога Светата Православна Црква го прославува споменот на св. рамноапостоли Цар Константин и Царица Елена, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од МПЦ -ОА и БПЦ, во храмот “Св. Цар Константин и Царица Елена ” во нас. Раклиш – Радовиш. На крајот од Божествената Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.

