Епархиско свештеничко собрание на Брегалничката православна епархија на Пониква
На 02 јуни 2026 година, св. мч-ци Талалеј и др.; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, во манастирот “Св. Василиј Велики” на Пониква. По Божествената Литургија беше одржано редовното Епархиско свештеничко собрание на кое претседаваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на свештенството од Брегалничката православна епархија. На собранието се разговараше за работата на епархиските архиерејски намесништва, а Митрополитот г. Иларион даде напатствија и поуки за разрешување на проблемите од севкупниот црковен живот во Епархијата.

