Акатист на Пресвета Богородица во Свети Николе
На 13 март 2026 година, Петок од Третата Недела на Великиот Пост, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Мало Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, во сослужение на свештенослужители од Свети Николе, во храмот “Св. Николај” во Свети Николе. За време на Акатистот, протоерејот Киро Давчев од Свети Николе беше произведен во чин протоереј-ставрофор, односно со право на носење на Граден Крст, по одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а по предлог на надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион. На крајот од Малото Повечерие, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа пригодна беседа. Пресвета Богородице спаси нас!!!

