Недела Втора на Великиот Пост (на свети Григориј Палама) Архиерејска Литургија во Кочани
На 08 март 2026 година, Недела Втора на Великиот Пост (на свети Григориј Палама), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, кој чиноначалствуваше на Литургијата, и свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужија Света Архиерејска Василиева Литургија во храмот “Св. вмч. Георгиј” во Кочани. На крајот од Светата Литургија пригодна беседа одржа Митрополитот г. Јосиф, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

