Големо Повечерие со покајниот канон на св.Андреј Критски во Лесновскиот Манастир
На 23 февруари 2026 година, во понеделникот од Првата Недела на Великиот пост, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Големо Повечерие со покајниот канон на св. Андреј Критски, во Лесновскиот манастир “Св. Гаврил Лесновски”. Великиот покаен канон на светиот Андреј Критски, се чита на Големото Повечерие во првите четири дена во првата седмица од Постот (во делови), како и на Утрената богослужба во четвртокот во Петтата седмица од Постот (целосно).

