Недела Сиропусна – Прочка, Света Архиерејска Литургија во Штип
На 22 февруари 2026 година, Недела Сиропусна – Прочка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, во соборниот храм “Св. Николај” во Штип. На крајот од Литургијата, со благослов од Митрополитот г. Иларион, Архиерејскиот намесник на Штипското намесништво, протоереј-ставрофор Влатко Мирасчиев, произнесе пригодна беседа, а потоа Митрополитот г. Иларион ја прочита молитвата за почеток на Великиот пост. По завршувањето на Светата Литургија, се отслужи и Великопосна вечерна богослужба. На крајот од вечерната богослужба, се изврши чинот на заедничко опростување, каде што најнапред Митрополитот побара прошка од своите духовни чеда, а потоа многубројниот верен народ пристапи, побара и доби, прошка од својот Надлежен Архиереј. Благословени и богоугодни пости.

