Собрание на Епархискиот Управен Одбор на Брегалничката Православна Епархија
На 17 февруари 2026 година, преп. Исидор Пелусиот, преп. Николај Исповедник; се одржа редовното собрание на Епархискиот Управен Одбор на кое претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во присуство на членовите на Епархискиот Управен Одбор. На собранието беа усвоени завршната сметка на Епархијата за 2025 година, предлог буџетот на Епархијата за 2026 година, завршните сметки и предлог буџетите на храмовите и манастирите во Епархијата, а беа дискутирани и повеќе тековни теми од црковниот живот во Брегалничката Православна Епархија.

