Недела 26-та по Педесетница, Света Архиерејска Литургија во Делчево
На 07 декември 2025 година, Недела 26-та по Педесетница, одд. на Воведение, св. вмч-ци Екатерина и Меркуриј; на покана од Надлежниот Епископ Делчевско-каменички г. Марко, а по повод 22 години од хиротонијата во епископски чин, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Епископот Тивериополски г. Тихон од БПЦ, а сослужуваа и Надлежниот Епископ г. Марко и свештенослужители на МПЦ-ОА и БПЦ, во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Делчево. На многаја и благаја лета Владико!

