Прославен празникот на преподобната Параскева – Петка во фирмата Ледер во Кочани
На 27 октомври 2025 година, на празникот на преподобната Параскева – Петка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на камен-темелник за изградба на деловен објект на фирмата “Еко Оил” од Кочани, а инвеститор на градбата е г. Драгослав Здравков – Ледер од Кочани. Потоа Митрополитот г. Иларион изврши и освет на новоизградената хала на фирмата “Амфенол” и го благослови и пресече празничниот леб принесен во чест и спомен на преподобната Параскева – Петка.

