На празникот на преподобната Параскева – Петка, Света Архиерејска Литургија во Штип
На 27 Октомври 2025 година, кога се прославува споменот на преподобната Параскева – Петка (Епиватска), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Штипското Архиерејско намесништво, во храмот “Св. Климент Охридски и Св. Петка” во нас. Сењак, Штип. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

