Света Архиерејска Литургија во Бихачко-петровачката и рмањска Епархија, СПЦ
На 10 септември 2025 година, на покана од Бихачко-петровачкиот и рмањски Епископ г. Сергеј, а по повод празникот на Рмањските новомаченици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Надлежниот Архиереј, Епископот г. Сергеј, отслужија Света Архиерејска Литургија во манастирскиот храм “Св. Николај” во Рмањ, Босна и Херцеговина. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, а Епископот г. Сергеј го одликува Митрополитот г. Иларион со Орден на Бихачко-петровачките новомаченици.

