Собрание на Епархискиот Управен Одбор на Брегалничката Православна Епархија
На ден 01.03.2024 година кога го чествуваме споменот на св. вмч. Теодор Тирон, св. Маријамна, се одржа редовното собрание на Епархискиот Управен Одбор на кое претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во присуство на членовите на Епархискиот Управен Одбор. На собранието беа усвоени завршната сметка на Епархијата за 2023 година, како и предлог буџетот на Епархијата за 2024 година, а беа дискутирани и повеќе тековни теми од црковниот живот во Брегалничката Православна Епархија.

