Недела 37-ма по Педесетница, Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Гаврил Епископ Велички, Светогорец” во Штип
На 18.02.2024 година, Недела 37-ма по Педесетница, св. мч-чка Агатија; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион донесе Свети Мошти од светиот Гаврил Епископ Велички, Светогорец, во неговиот роден град Штип и отслужи Божествена Архиерејска Литургија во храмот посветен токму на “Св. Гаврил Велички” во нас. Пролет, Штип. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а многубројниот верен народ се поклони на Светите Мошти.

