На Сретение на Господ Исус Христос Света Архиерејска Литургија во Виница
На 15.02.2024 година, кога се прославува празникот Сретение на Господ Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Апостол и Евангелист Лука” во Виница. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а потоа изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб во присуство на воспитачките од детската градинка „Гоце Делчев“ кои го празнуваат овој празник како свој заштитник.

