Прославен празникот на Преподобната Параскева – Петка во фирмата Ледер во Кочани
На 27.10.2023 година, на празникот на Преподобната Параскева – Петка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на камен-темелник за изградба на нова хала на фирмата “Амфенол” од Кочани, а инвеститор на градбата е г. Драгослав Здравков – Ледер од Кочани. Потоа Митрополитот г. Иларион изврши и освет на ново изградената хала на фирмата “Амфенол” и го благослови и пресече празничниот леб принесен во чест и спомен на Преподобната Параскева – Петка.

