На празникот на Преподобната Параскева – Петка, Света Архиерејска Литургија во Свети Николе
На 27.10.2023 година, кога се прославува споменот на Преподобната Параскева – Петка (Епиватска), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Николај” во Свети Николе. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а по завршувањето на Литургијата изврши освет на новоизградената Свеќопродавница при храмот “Св. Николај” во Свети Николе.

