Свечена Академија по повод “80 години од формирањето на Верското поверенство при Главниот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија”
На 26.10.2023 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион присуствуваше на Свечената Академија по повод “80 години од формирањето на Верското поверенство при Главниот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија” во Музејот на Македонската борба во Скопје. Свое обраќање на Свечената Академија имаа Архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан и директорот на КОВЗРГ м-р Даријан Сотировски. Академијата беше организирана од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Република Македонија.

